Одлуката за основање на Универзитетот за информатички технологии во Охрид наместо во Скопје, што вчера ја усвои македонското Собрание, е уште една визија која нашата партија ВМРО-ДПМНЕ им ја претстави на граѓаните во изборната програма „Преродба во 100 чекори“ и која  брзо се преточува во реалност, изјави денеска на прес конференција кандидатот за градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМНЕ, Кирил Трендафилов и Нанче.

-Со вчерашното гласање во Собранието на измените на законот, ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш докажа каде чука неговото срце, рече Трендафилов.

Тој информираше дека новата високообразовна установа ќе има 5 факултети: за компјутерски науки и инженерство, за комуникациски мрежи и безбедност, за машинска интелигенција и роботика, за информатички системи, визуелизација, дигитална мутимедијална и анимациска техника, како и факултет за  информациони теории и анализи.

– Овој универзитет ќе биде нова голема инвестиција во нашот град, но и предуслов за отворање на нови работни места, мамка за привлекување на странски инвеститори и отворање на нови високо-технолошки компании. Што е посебно значајно, и што потполно се вклопува во нашите визии за натамошниот развој на градот, – ваквите компании, како што покажува и светското искуство, се многу профитабилни, а еколошки потполно безопасни, истакна на прес конференцијата Кирил Трендафилов – Нанче.

Ohridnews