Кандидатите за градоначалник и членови на Советот, продолжуваат со засилените активности пред официјалниот почеток на  предизборната кампања идната недела.

Кандидатот за градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМНЕ, Кирил Трендафилов – Нанче, заедно со членовите на Унијата на Млади Сили на ВМРО ДПННЕ, денеска ќе имаат акција за чистење на вливот на Грашница. Потоа во хотелот Милениум, Нанче ќе оствари консултативна средба со охридските хотелиери, соопшти Центарот за комуникации на ВМРО ДПМНЕ – Охрид.

Ohridnews