Кандидатот за градоначалник на Охрид од ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Трендафилов-Нанче е задоволен од изборот на владејачката партија во Македонија.
„ Мислам дека изборот беше очекуван. Се надевам дека овојпат ќе имаме фер избори за разлика од минатиот пат . Со Господ напред ќе биде се како што треба, а ќе се потрудам и јас да биде така“, изјави тој за Ohridnews.
Кирил Трендафилов-Нанче по вторпат ја добива довербата за кандидат на градоначалничката функција. Во 2005 година зад него застана ВМРО- народна партија.
Инаку, 47-годишниот Нанче е роден во Охрид, каде што го завршил основното и средното образование како првенец на генерација, а високото образование го стекнал на Електротехничкиот факултет во Скопје на отсекот информатика и автоматика. Магистер е по деловна администрација.
Ohridnews