– За жал има индиции за нерегуларни избори на одредени места во Охрид и ние ги обжаливме во регуларна постапка. Процесот на обжалување е во тек и мислам дека ќе има трет изборен круг, изјави на денешната прес конференција, кандидатот за градоначалник, Кирил Трендафилов – Нанче.


Тој рече дека му претставува голема чест што успеал  да го анимира комплетното транзиционо, криминално милје во Македонија да се собере во Охрид за да одработат против Кирил Трендафилов – Нанче.

Очигледно сум силен во она што го правам и што им го понудив на граѓаните на Охрид и очигледно имаше комплетна анимација и сплотување на сите подземни структури од земјата и веројатно ќе имаме шанса во трет круг во едни регуларни избори да докажеме дека Охрид го заслужува Кирил Трендафилов – Нанче, рече кандидатот на ВМРО ДПМНЕ .

На прес конференцијата Нанче изрази благодарност до сите граѓани на општина Охрид кои излегле и го дале гласот за него.

Ohridnews