Намирниците кои ќе бидат наброени претставуваат извор на чисто здравје и благодет за нашето тело, и затоа нека станат задолжителен дел од вашето мени.

Здравјето започнува во чинијата, се согласуваат експертите, а меѓу разните намирници има неколку кои вредат да се издвојат поради нивното исклучително корисно влијание врз здравјето на мозокот и системот за варење.

Така, боровниците се преполни со антиоксиданти, што е најдобра превенција против дијабетесот и ракот, а бидејќи покрај тоа имаат и високо ниво на влакна и витамини А и Ц, би требало задолжително да ги консумираме.

Црниот грав е најдобар од сите видови грав, бидејќи покрај високиот удел на влакна го содржи и корисниот антоцијан кој фантастично помага на сите функции на мозокот.

Јогуртот го зајакнува имунолошкиот систем, само една шолја дневно ги задоволува потребите на телото за калциум, а бидејќи одлично го регулира варењето на храната, нека стане дел од вашата дневна прехрана.

Оревите ја враќаат енергијата и му помагаат на телото да се опорави од физичките напори, а покрај тоа изобилуваат со Омега 3 масни киселини и, што е уште поважно, полифеноли кои имаат противвоспалително влијание.

Спанаќот е исто така одличен извор на Омега 3 масни киселини, а неговата помош во создавање на мускулна маса е овековечена и во цртан филм, познатиот Попај. Покрај тоа е богат со фолна киселина, лутеин кој ќе ви помогне да го задржите помнењето, а е одлична намирница за превенција на мозочен удар, остеопороза и срцеви заболувања.

извор:metro-portal.hr