Кога ќе ви снема енергија, обично посегнувате по нешто слатко, но овие намирници се многу подобар избор.

Намирниците кои даваат енергија, а немаат многу калории не се баш чести, а всушност претставуваат одлична алтернатива за, на пример, чоколадо или колачи кои ни се секогаш прв избор кога ќе почувствуваме дека енергијата ни е за ниско ниво.

Еве некои такви намирници кои секогаш би требало да ги имаме при рака, како што се на пример семките од тиква кои се полни со железо, а две лажици имаат 160 калории, 14 грама масти, два грама влакна и 9 грама протеини. Одличен меѓуоброк!

Семките од сусам се полни со линолова киселина, омега 6 масна киселина која го контролира нивото на лошиот холестерол. Две лажици имаат 103 калории, девет грама масти, три грама протеини и два грама влакна. Малку испржете ги и посипете ги врз салата – генијално.

Чиа семките се преполни со калциум,а две лажици содржат 138 калории, дури десет грама влакна, девет грама масти и пет грама протеини. Замешајте ги во јогурт, млеко или бадемово млеко, оставете ги десеттина минути и изедете ги – ќе ве држат сити и силни неколку часа.

Семките од лен се одлична превенција од рак-содржат лиганди и омега 3 масни киселини кои ги намалуваат воспаленијата и го забавуваат растот на клетките на рак, а две лажици имаат само 110 калории, девет грама масти, шест грама влакна и четири грама протеини.

извор:metro-portal.hr