Проблемите со варењето и желудникот не се ретка појава, особено кога имаме погрешни прехрамбени навики или сме добиле некоја вироза. Но,затоа постојат намирници кои без проблем ќе ги ублажат тегобите, па да видиме што ни треба во чинијата во такви ситуации.

Банани– најдобар избор после тренинг, а пектинот ќе помогне цревата да функционираат беспрекорно. Бидејќи лесно се варат, нема да ја влошите состојбата туку брзо ќе ја олесните.

Бел ориз– ја запира дијареата исто како и печен леб или варен компир, па секогаш треба да го имате при рака.

Чај од билки– камилица и нане се најдобар избор, бидејќи маслото од нане ги опушта мазните мускули на системот за варење и ги смирува грчевите, а смирувачкото дејство на камилицата е нашироко познато.

Ѓумбир-ја ублажува мачнината и го смирува повраќањето, па успешно ги намалува грчевите во желудникот. Дневно ограничување е 4 грама.

Јогурт-единствен млечен производ кој се препорачува за конзумација кога имате проблеми со желудникот, а ќе биде уште поефикасен ако содржи активни култури на добрите бактерии.

Компот од јаболка-и тие содржат смирувачки пектин, а особено се ефикасни баш како и компотот кој е многу едноставно да го подготвите.

Папаја-можеби и најефикасна намирница за желудникот бидејќи ензимите кои ги содржи ги разградуваат протеините и ја регулираат киселоста во желудникот.

извор: metro-portal.hr