Ако секојдневно го чистите вашето лице, правите пилинг, користите различни тоници и кремови, а акните сепак се појавуваат, тогаш треба да го свртите вашето внимание кон храната која ја конзумирате.


Млеко

Млекото може да ја влоши состојбата со акните, покажала студија на Харвард. Обработеното млеко содржи голем број хормони кои го забрзуваат создавањето ан акните.

Шеќер

Рафинираниот шеќер драстично го зголемува нивото на шеќер во крвта, со што се излачуваат големи количини на инсулин кој го поттикнува лачењето на андроген и создавање на лој, а сето тоа предизвикува појава на акни. Рафинираниот шеќер заменете го со природен на пример оној кој се наоѓа во сушените јаболка.

Рафинирани намирници

Пиците и колачите се само едни од храните кои мора да се избегнуваат бидејќи го прават истиот проблем како и шеќерите.