Храната е клучен дел од здравиот живот, а правилниот избор на здрави намирници ни обезбедува добро здравје и подолг живот, па прочитајте што треба да јадете.

На прво место е лукот, познат по своите извонредни влијанија врз здравјето поради многуте антиоксиданти кои ги содржи, а покрај тоа го чува здравјето на срцето и помага на заболените од рак.

Боровниците се позната суперхрана која го забавува процесот на стареење, а особено се корисни поради запирањето на промените на мозокот кои инаку доведуваат до стареење.

Црното грозје е преполно со антиоксиданти кои во сокот ги има четири пати повеќе отколку во сокот од портокали или од домати.

Чајот е одличен за здравјето, а само една шолја црн или зелен чај дневно го намалува ризикот од срцеви заболувања за дури 50%, додека за антиоксидантите од белиот и жолтиот чај со право пишуваат книгите.

Доматите ја намалуваат можноста за настанување на рак за дури 40%, а редовната консумација драстично го намалува процентот од ризик од срцев удар.

Верувале или не, втор по количина на антиоксиданти после лукот е спанаќот. Се препорачува за превенција на деменција и борба против рак.

Кога сето ова го комбинираме со цели житарки, ореви, лосос и туна, добиваме здрава и урамнотежена исхрана која не чува од болести и пребрзо стареење.

извор:metro-portal.hr