Ако не ви се допаѓа како возат нашите луѓе, погледнете ги следниве статистички податоци:

Дури 81 насто Американци работат уште нешто додека го возат својот автомобил, а под тоа се подразбира: шминкање, бричење па и проверување e-mail. Скоро 80 насто од нив изјавиле дека во текот на возењето пребарува радио-станици или пушта музика на ЦД, 73 насто телефонираат, 68 проценти јадат, 19 насто читаат SMS, а пет насто проверуваат електронска пошта.

Жените често ја поправаат фризурата за време на возењето, некои и се шминкаат додека мажите ги користат апаратчињата за бричење. Некои возачи признале дека за време на возењето ставаат контактни сочива, гледаат филмови или лакираат нокти. Вакви „егзибиции“ обично прават помладите возачи кои се почесто жртви во сообраќајни несреќи. 

Истражувањето го спровело осигурителното друштво Nationwide чиј претставник тврди дека е евидентно како Американците имаат се` повеќе обврски, а се` помалку време, па многу работи прават во автомобилите.

Оттргнувањето на внимание од патот е крајно опасно за сигурноста на останатите во сообраќајот.

С.К.