Пластични кеси, пакети и вреќи со ѓубре и зелен отпад во текот на вчерашниот ден беа исфрлени на улицата „Богомилска“, на кракот кој води кон булевар „Туристичка“.

Охриѓани кои живеат во овој дел од градот велат дека поради ниската еколошка свест на граѓаните и во текот на изминатиот период било забележано исфрлање на ѓубре на истото место.

Тие апелираат до надлежните да преземат мерки за надминување на овој проблем, односно во најскоро време да постават котејнер за депонирање на отпад.

OhridNews