Пластични кеси, вреќи со ѓубре и зелен отпад во текот на вчерашниот ден беа исфрлени на улицата „Даме Груев“, на пресекот со улицата „Караорман“ во Охрид.

Охриѓани кои живеат во овој дел од градот велат дека поради ниската еколошка свест на граѓаните и во текот на изминатиот период било забележано исфрлање на ѓубре на истото место.

Жителите упатуваат апел до надлежните да преземат мерки за надминување на овој проблем, односно во најскоро време да постават котејнер за депонирање на отпад.

OhridNews