Поради постоење основи на сомнение дека сторила казнено дело „проневера во службата“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 40-годишна охриѓанка.
Таа, во периодот февруари-декември минатата година, во својство на службено лице на локалитетот „Музеј на вода“– Градиште во Охрид, сметководствено не прикажувала дел од прометот а финансиските средства не ги внесла на сметката од работодавачот „Завод за заштита на споменици на културата и Музеј – Охрид“. На тој начин, пријавената се стекнала со против-правна имотна корист од 65..730,оо денари. – соопшти СВР Охрид.
OhridNews