Оливер Кол (24) и неговата тукушто венчана сопруга, Ангела (23), тргнале со автомобилот на меден месец во луксузен хотел во селото Вилинген. Но, се изгубиле поради лошата навигација која ги одвела на неозначен шумски пат спрема врвот на високата планина.

– Се појавија врати кои требаше да ги отварам, а со текот на времето патот стануваше каливо мочуриште и заглавивме – рекол Оливер.


Парот со часови се обидувал да се извлече пред да ја повикаат полицијата која испратила спасувачки тим на планината висока 855 метри.

-Никогаш нема да ја заборават првата брачна ноќ – рекол полицаецот.