„Не случајно го одбија барањето на СДСМ промоцијата на кандидатите и изборната програма заедно со граѓаните да ја направиме на Градскиот Стадион во Скопје. Премногу е за Груевски. После тоталното промашување кога свечено го отвараше стадионот пред едвај стотина вработени во државната администрација, нашето барање го доживува како сол на жива рана. Не може да издржи да гледа полн стадион кој ќе ја потврди неговата немоќ. Полн стадион со кој неговите лаги ќе паднат во вода“, рече на денешната прес конференција генералниот секретар на СДСМ, Андреј Петров.
извор: Makfaks