Во киното во градот Пинелас Парк на Флорида, децата наместо цртаниот филм „Снежна кралица“ на Волт Дизни им бил прикажан порно филм. Минатиот петок, многу деца заедно со своите родители отишле да го гледаат најновиот хит на Дизни, но поради технички проблеми најпрво го гледале стариот Мики Маус, по што, во траење од неколку минути, им бил пуштен и порно филм, пренесуваат медиумите.
Родителите, во паника, се обиделе да децата да им ги покријат очите како не би ги виделе вулгарните сцени, но не можеле да ги спречат да ги слушнат мошне експлицитните звуци, па многумина трчајќи ја напуштиле салата. Една од мајките раскажала дека траело цела вечност, посебно кога се обидувате да ги спречите децата да гледаат. Управата на киното на родителите веднаш им упатила извинување, кое некои го прифатиле, додека други навеле дека ќе поднесат тужба.