МОЛИТВА ЗА ТОШЕ
Да може Бог да го послуша
народов библиски што плаче од душа,
да може за час да (ти да ни) запееш
ко сонце утринско, пак да нè огрееш…
со љубов да нè полееш.
А Твојот живот,
душа христијанска,
срце што дарува,
љубов што царува,
тоа – и Господ го посакувал.
Да можам барем да верувам
дека навистина оваа вистина
ко (грозен) сон ќе помине,
душа да не боли, срце да не кине…
тоа – го барам, Господе!
А, Твојот живот
душа христијанска,
срце што дарува,
љубов што царува,
тоа – и Господ го посакувал.
Да може Господ Чудесен
чудо да направи, да ми те прероди,
народ да запее “ Игри Без Граници”
и нова приказна, прекрасни страници…
тоа – го барам, Господе!
А, Твојот живот
душа христијанска,
срце што дарува,
љубов што царува,
тоа – и Господ го посакувал.
Од Здружението „РОДОЉУБИ СВЕТИ ИЛИЈА – Елшани
ПЕЈ НИ ОД ВИСОЧИНИТЕ
(На Тоше од Македонија)
Ги натопивме со солзи градските плоштади,
преку половина копје не гледаат сите згради
и сите бели лисја ги исполнивме со жал,
по тебе, ангелу, Господ што ни те дал!
Те оплакуваме ко татко, ко брат, ко син,
ужасно тажен е овој последен чин;
кој ли да верува во сонов лош,
кој ли уште еднаш ни зари нож?!
А растеа со тебе млади милиони
и секој од нив низ песна те сонил,
со твојот глас распеани ни беа дните,
со твојот молк – болно одекнаа сите!
Но нека оваа болка прерасне во почит,
да го гледаме светот со твоите очи!
И твојот Бог нека се насели во сите нас –
пеј ни од височините со твојот ангелски глас!
(автор на песните е Дим Дон – претседател на Здружението РОДОЉУБИ СВЕТИ ИЛИЈА)