Стив Марш од Лондон бил страсен вљубеник во автомобилите, па по неговата смрт членовите на семејството одлучиле на гробот наместо мермерна плоча да му стават БМВ направено од гранит. Споменикот бил нарачан од Кина, а чинел околу 60 илјади евра, скоро колку вистински автомобил од истата марка.
Пријателите на прекар го викале „Стив БМВ“, а неговиот омилен автомобил бил поставен на гробот на годишнината од неговата смрт. Рекле дека откако положил за автомобил возел само БМВ, и едноставно не можеле на гробот да му стават обична плоча. Имале многу проблеми, бидејќи не можеле да најдат мајстор, а на крајот тоа им успеало дури во далечната Кина.