По повод 22 Април, Светскиот ден на Планетата Земја, Дејан Пановски од Билатералниот секретаријат за управување со сливот на Охридското Езеро предупреди дека за решавање на еколошките проблеми ни се неопходни политички и економски мерки.

„Во период на политичките драми во светот , во период на економски глобални драми и кризи ,сеуште, пред нас стои надвисната најголемата од сите драми и најголемиот предизвик –зачувувањето на животната средина и опстанокот на нашиот дом Планетата Земја“, изјави Пановски.

Според него, сепак, решавањето на таквиот предизвик никако да дојде на врвот на приоритетите иако сосема јасно се надвиснати проблемите со климатските промени, опустинувањето , недостигот на енергенси, квалитетот на водите .

„Давањето приоритет ќе значи  конечно разбирање дека еколошките проблеми не се решаваат повеќе со патетични пароли и повици туку со силни политички и економски мерки . Затоа што всушност , на екологијата мора да почне да се гледа како на економски инструмент кој може да го поттикне токму економскиот развој преку инвестиции во управувањето со цврстиот отпад, отпадните води , водоснабдувањето , урбанизацијата ,еколошкиот туризам , развивање на новите технологии. И тоа е всушност пристапот што мора да го практикуваме и да го искористиме“, предупредува Дејан Пановски.

Ohridnews