Учениците од четврто одделение физичкото образование ќе го збогатат со теорија. Во учебникот „Физичко и здравствено образование“ се поместени вежби и техники за правилно движење, но и теории за спортските игри.

Авторите на книгата „Физичко и здравствено образование“сметале дека е од исклучително значење младите ученици да ги запознаат и со совладување на основните елементи на народните ора и танци. Исто така предвидена е и практична настава на спортски дисциплини која може да се реализира во согласност со родителите, како на пример пливање и скијање. Охридските ученици за жал нема да можат да ја реалзират наставната програма по пливање затоа што градот покрај Охридското Езеро нема затворен пливачки базен, а ваков објект не постои во ниту едно од училиштата во градот.

OhridNews