Откако се објави дека Том и Кејти се разведуваат, медиумите почнаа да шпекулираат околу поделбата на богатсвото. Богатството на Том се проценува на 275 милиони долари, а Кејти ќе добие само 15 милиони и куќа вредна 35 милиони долари. Кејти одлучила да поднесе барање за развод бидејќи и било доста од контролирањето на нејзиниот сопруг, кој се мешал во нејзината кариера и живот, а и сам донесувал одлуки во врска со нивната ќерка.
Том и Кејти беа во брак од ноември 2006 година.Пријателите на Том велат дека бил многу повреден и изненаден, бидејќи Кејти не му дала индикации дека ќе го напушти.