Една виетнамска трговска компанија исплатила тринаесетта плата во облик на лут чили сос, кој таа компанија го дистрибуира. За успесеите и постигнувањата во изминатата година, обичните работници добиле по една кутија од тој екстра лут зачин, а членовите на управата добиле по две.

Што да направат со толку лут сос, работниците не знаат. Освен чили, компанијата продава и производи како што се кекси, млеко и пици. вработените велат дека би било добро како тринаесетта плата да добијат некои од тие производи.