Еден човек од Шведска подигнал 700 круни од банкомат, но кога сакал да ја земе белешката со извештајот за состојбата на неговата сметка, се изненадил. Наместо сметката, од банкоматот излегло нешто што личело на врвка за чевли. Но, тоа всушност била опашка на мртов глушец, кој несреќно заглавил во банкоматот.
Човекот побарал помош во продавницата во близина, но персоналот го игнорирал бидејќи банкоматот не бил во нивна надлежност. Сепак, на крајот успеал да го добие вниманието на неколкумина продавачи и заедно со нив успеале да го извлечат глушецот. Не е понзато како тој се нашол таму и колку долго бил внатре.