Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и едно продолжено казнено дело „даночно затајување“, надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 46-годишно лице од струшкото село Лабуништа.
- Во својство на управител на правно лице за трговија и услуги, во временски период од 2013 до 2018 година, пријавениот остварениот приход не го внесувал на жиро сметка на правното лице, туку износот го прибавувал за себе, со што, го оштетил правното лице за вкупен износ од 8.710.261 денари. Пријавениот, во истиот период одбегнал обврска за плаќање на данок на добивка, данок на додадена вредност и персонален данок, со што го оштетил буџетот на Република Македонија за 2.435.110 денари, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Од СВР Охрид информираат за уште една поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени две казнени дела „кражба“ и едно дело „тешка кражба“. Кривичната пријава е поднесена против две малолетни лица, од Штип и Кочани.
- Тие, во периодот од 25 до 28 декември минатата година, употребувајќи подесен алат и физичка сила, успеале да влезат во црквата „Св.Архангел Михаил“ на улицата „Вардар”, а потоа и во две куќи лоцирани на улиците „Пирин Планина“ и „ Петар Поп Арсов“ во Охрид, вели портпаролот Димоски.
Со извршувањето на казнените дела, пријавените малолетници, се стекнале со противправна имотна корист од околу 40.000 денари.
OhridNews