Поради лошите временски услови наместо на Античкиот театар етно групата „Синтезис“ вечерва (22ч.) ќе настапи во Центарот  за култура „Григор Прличев“.

На концертот кој ќе биде одржан во рамките на „Охридско лето“ ексклузивно ќе биде промовиран музички материјал кој ќе се најде на новото ЦД на групата што ќе излезе кон крајот на октомври. Новиот албум ќе содржи песни од повеќе краеви на Македонија, истакна менаџерот на групата Владимир Мандически.


„Синтезис“

На концерто „Синтезис“ за прв пат ќе настапи со нов член, контрабасистот Драган Трајковски, кој како што беше најавено ќе гостува и на други концерти на групата.

По Охридско лето „Синтезис“ ќе одржат концерти во  Словенија, Србија, Украина, Канада, Шпанија и Португалија.

Г. Момироски