Ете помина уште една години дружејќи се на овај портал преку критиките и сатирично ироничните забелешки за оние кои ни грешеле или сме им грешеле. Да помина. И не само годината се помина покрај нас, а ние сме уште на истото место од пред 30…не….40……ај да не думам….не сме тргнале можда и не сме слезени од бротчето на дедо Ное.

Нејсе….помина…се думав како да изгледат ова мое „обраќање“ према вас, верните читатели на колумната. Дал да зафатам нешто за мојoт приватен живот или да распалам некако поинаку. После ептем долго мислење од околу 3-4 секунди си реков дека ич, ама ич немат разлика како ќе ви се обратам. Баш така. И да пишам за тоа како приватно ова година ја поминав не оту имат разлика од начинот на живење кој и вие го живејте ама и ќе и се наљутам на мама.

Мама немаше среќа да се мажит во Осло, Хелсинки, Берлин, Њујорк ….а јас уште поголема среќа та да ме истресит од утробата на некоја улица во некој од овие градој, а не вака и јас како сите вие да сум дел до оваа вукојебина наречена Македонија.

Шо се однесвит до приватниоит дел…..сакам шо побргу да ја забарам ова година како и предходната који ми донесоа големи премрежија посебно во контекст на здравјето. Не дека незнаев дека здравјето е најбитното нешто ами ми се потврди то и ме натера да се сконцентрирам баш на него.

Зато во новата би посакал Господ да ни дајт здравје посебно на оние шо е веќе им е касно за памет, а нас нека ни дајт и здравје и тро памет онолку колку да не го изгубиме здравјето од оние шо немет памет.
А со колумната….со неа критикувавме со добра намера за нешто кое сме сакале да е подобро. Критикувавме и ќе критикуваме и власт и опозиција и можда во таа критика некого и навредивме и ни се наљутија. Мада морат да бидам искрен и да се наљутија ич не ми чује з`ш знам дека нив ич не им дремит дека ние 30 години сме Сизиф.

Вака во овој последен ден од 2018-та сакам на сите да ви ја честитам Новата година и на оние шо ме читет и на оние шо ме критикувет и оние шо ме нареквeле комуњар и оние шо ме нареквеле вмровчиште….едноставно на сите. З`ш сите овие или оние сме луѓе или човек. Па после то сме Коле, Мицко, Зајко….или било кој друг. Значи бидете луѓе. Јас сепак, како и да ме нареквет, не остапвам од она шо сум го втемелил во колумната уште пред 17 години.

Вечерва убо да си помите, а јас во името на сите ќе го замолам Господ покрај здравје: Да ни дајт СИЛА, да го издржиме она шо не мојме да со смениме. ПАМЕТ, да го смениме она шо мојме и РАЗУМ, да напрајме разлика помеѓу првото и второто.

П.С. Одиме на заслужен јануарски одмор, а после то редовно се читаме како и предходниве 17 години.

ЏИМИ

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите