На Адолф Маер, 87 – годишник од Торонто кој живее во Австралија му застудело. Одлучил да го запали каминот кој се наоѓал до фрижидерот. Наместо во каминот дрвата ги ставил во фрижидерот и запалил оган. Ги повикал пожарникарите на кои им се извинил и им ветил дека ќе набави нови очила што е можно побрзо.


„Ставив дрва како и обично и мислев дека се е во ред. Тогаш почувствував чад. Првата грешка што ја направив  е тоа што претходно заборавив да го затворам фрижидерот“ – рекол кратковидиот старец.