Покрај тоа што од време на време е бродоградилиште каде без контрола и соодветна заштита се пескарат и бојадисуваат пловните објекти, каналот Студенчишта се’ уште се користи и како отпад за старите кајчиња. Заборавени од сопствениците со години овие кајчиња лежат покрај или во самата вода.
Спортските риболовци неодамна промовираа идеја за уредување на каналот со нови содржини кои ќе го оплеменат просторот, но засега нема одговор на нивната иницијатива. Неодамна Министерството за транспорт и врски распиша тендер за продажбва на државно градежно земјиште покрај каналот Студенчишта каде е предвидена изградба на хотел и други пропратни содржини. Додека некоја од овие идеи не се реализира не е лошо барем да се отстранат потонатите кајчиња.