-Ја искористивме оваа средба да поразговараме за состојбите во општина Охрид, посебно во децентрализацијата, затоа што тоа е најважната работа и еден од критериумите за доближување на Македонија кон ЕУ, истакна градоначалникот Александар Петрески по средбата со Дамијан Седар – политички советник на авроамбасадорот Фуере. На средбата како што информираше Петрески станало забор и за бродската несреќа која неодамна се случи во водите на Охридското Езеро.
Советникот Седар истакна дека ЕУ со голем интерес го прати развојот на општините и процесот на децентрализацијата, при што информираше дека деновиве европските претставници посетиле голем број локални самоуправи за да ги чујат нивните проблеми и размислувања.