Германската полиција уапсила еден човек во близина на градот Кобленц бидејќи во неговиот стан пронашле стебло марихуана високо два метри кое го украсил како божиќно дрвце. Стеблото внимателно го украсил со сијалички и украсни ленти, а планот му бил под него да им остави подароци на своите пријатели.


Станот му го пребарале бидејќи претходно го уловиле со 150 грама марихуана. Од полицијата рекле дека овој човек исто така го слави празникот, но на малку поинаков начин. Тој подоцна признал дека сакал да ги изненади пријателите со подароци според старата божиќна традиција.