Неколку дрва на тротоарите од улицата „Македонски просветители“ во центарот на Охрид неодамна беа пресечени, и „преадаптирани“. Наместо да бидат откорнати, пресечените дрва кои прилично им го отворија погледот на околните деловни објекти, сега се преуредени во клупи за седење. Не знаеме чија е идејата, но предлагаме околу трупците да се постават неколку столчиња, со што просторот уште подобро ќе  биде искористен. Охриѓани на шега веќе почнаа дрворедот во центарот на градот да го нарекуваат „клупоред“.


Наместо дрворед – клупоред

Ohridnews