Властите во Бангладеш покренале истрага откако на големиот екран на аеродромот полни пет минути бил прикажуван порнографски филм. Порно филмот на меѓународниот аеродром Шанхјалал во петокот рано наутро го виделе неколку илјади патници.
На големите екрани патниците вообичаено можеле да погледнат документарни филмови за Бангладеш, кој е конзервативна муслиманска земја. Операторот на аеродромот веднаш бил казнет со два месеци затвор. Се сомневаат дека со инцидентот биле поврзани вработените во компанијата која го одржува компјутерскиот систем.