Фудбалерите на Олимпик Марсеј извојуваа голема победа во француското „Ел Класико“ совладувајќи го актуелниот првак Пари Сент Жермен со минимални 1-0 (1-0) на „Паркот на Принцовите“.
Дерби средбата изобилуваше со голема борба и остри стартови кои не моменти ја поминуваа дозволената граница. Длабоко во судиското продолжение ситуацијата ескалираше. По еден фаул на средината од теренот настана мешаница во која учествуваа фудбалерите од двете екипи. После смирување на страстите, главниот судија додели пет црвени картони. Во тимот на ПСЖ поцрвенаа Паредес, Нејмар и Курцава, додека кај Олимпик Марсеј црвени картон добија Амави и Бенедето.
Погодокот на Таувин кој го одлучи победникот падна во сенка поради немилите сцени на големото француско дерби. Таувин во 31-та минута со гол го круниса нафрлување на Пајет и донесе водство, кое на крајот се покажа доволно за голема победа.
После две одиграни рунди во француската Прва лига, ПСЖ е без бодови а Олимпик Марсеј со шест бодови е во горниот дел до табелата.
OhridNews