На 31.12.2020 година во 23.20 часот,60-годишен стружанец, во полициска станица пријавил дека во неговиот дом на ул. „Димче Ковачески“ во Струга неколку лица физички го нападнале неговиот син К.М.(27) од Струга, информира СВР Охрид.
ОВР Струга работи на расветлување на настанот и на пронаоѓање на сторителите, по што ќе поднесе соодветна пријава.
OhridNews