Во летните горештини во Охрид кога сите се на плажа, Кербер и Денис напорно работат на нов план. После промоцијата на новиот спот за песната Дојди вечерва, кој беше и премиерно пуштен на телевизискиот канал Балканика, Кербер ја снима новата песна во дует со Денис Мурат. Наместо да одмараат во Охрид тие решија да постават бомба која покасно ќе пукне на македонската естрада. А на први септември тимот на Кербер ни спрема едно големо изненадување.