Како би реагирале кога некој ќе ви понуди автомобил со 450 коњски сили, забрзување до 100 км/ч за 3,5 секунди и просечна потрошувачка од 5,9 литри на 100 километри?
Автомобилот од соништата наречен „Скорпион“ се произведува во американската компанија „Ron motors“, а на купувачите се нуди за 150.000 долари.
Скорпионот го движи модифициран мотор од Хонда, 3,5 литарски V6 бензинец, чија сила, со помош на два турбо полначи е зголемена од 290 на 450 коњски сили. Тајната на неверојатниот однос на сила и потрошувачка е систем со кој водата се раствора на кислород и водород. Добиениот водород се складира во посебни резервоари и по потреба се меша со бензинот.