Струшкиот пливачки базен некогаш собиралиште на младите од Охрид и Струга е комплетно руиниран. Во објектот одмана нема ништо, искршени се прозорците, нема врати, распарчени и расфрлани се столчињата, а единствено стартните блокови кои не можеле да ги откорнат потсетуваат дека тука едно време имаше базен во кој се одржуваа натпревари.


Стружани сметаат дека ако навремено се превземеле сите потребни активности струшкиот пливачи базен не би бил доведен во ваква мизерна состојба и не би претставувал срам за спортска Струга.

Ниту државата ниту општината водат грижа за објектот, наместо да биде место на здрави генерации, таа е “дувло” на наркозависници – велат тие.


Охрид и Струга долги години биле расадник на таленти, желбата кај младите да се занимават со овај спорт е оргомна, но ..

 – На жалост во последниве 7 години тренираме само во летните месеци , јуни , јули, и август . Низ тој период вршиме обука на преку 100 – на деца пливачи и непливачи – вели Никола Докоски пливачки тренер од Струга и додава , кога имавме услови за работа се тренираше во континуитет и имавме пливачи од највисок ранг, уцесничи на Европски првенства, Балканијади, разни меѓународни натпревари надвор од дрзавата и сите тие беја проследени со големи успеси.


Водите во струшкиот базен ги брануваа дел од најдобрите македонски пливачи, стружанецот Михајло Ристовски учесник на Олимписките игри во Пекинг и охриѓанецот Александар Маленко една од пливачките легенди – европски младински првак,6 место на светското првенство во Палма де мајорка и учесник на Олимпијдата во Сиднеј 2000 година.


Затворениот пливачки базен во Струга е отворен во 1981, а затворен во 2002 година под раководство на Агенција за стопанисување на спортски објекти


– Од септември 2002 до овој момент никој нема ништо превземено за затворениот пливачки базен во Струга. Спортот оди напред се развиваат сите методи на тренинг, а ние наместо истото да го следиме и да чекориме напред со времето се вративме во 1980 кога немавме базен.  Државата троши толку многу пари , кампањи за борба против дрога ,аклохол, цигари, а ние децата ги оставаме на улица поради тоа што се тросат пари само за реклами а не се превзема ништо конкретно – завршува Докоски.


Стружани очекуваат  и се надеваат дека некој ќе ги слушне и час поскоро ќе ги реализира нивните желби, и во струшкиот базен повторно да се чуе детскиот жагор.

М.Постоловски