Британската полиција во Ипсвич уапсила едно лице под сомневање дека на еден човек наместо бараната слика на грбот му истетовирал пенис. Човекот дошол со желба мајсторот за тетовирање да грбот да му го истетовира знакот Јинг Јанг опкружен со змејови.
Кога ја погледнал тетоважата останал шокиран гледајќи во пенисот долг 40 сантиметри. Полицијата вели дека меѓу двете лица избила кавга. При тетовирањето мајсторот бил многу навреден од нешто што му го рекол човекот кој дошол да се тетовира. Тој на суд би требало да се појави на крајот од оваа година.