„Кога дознавме дека воздушниот сообраќај е прекинат, дека билетите за автобуси и возови се распродадени и кога не можевме да најдеме ни еден автомобил за изнајмување, немавме избор, туку купивме сопствен“, изјави еден од нив за естонскиот весник Охтуелехт.
Одлучиле да го купат најевтиниот автомобил кои можеле да го најдат е стара „Опел астра“, за која платиле 995 евра.
Од Ротердам до Талин поминале 2.250 километри, пат долг околу 27 часа. За сега не одлучиле што ќе прават со автомобилот кога ќе се вратат дома.
извор: „Макфакс“