Рано утрово во 4 часот, во пекара лоцирана на улицата „7 ноември“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу четири возрасни лица. Понатамошниот тек на нарушувањето е спречено од полициските службеници а учесниците се приведени, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.
Против учесниците во инцидентот ќе биде поднесена пријава, најави полицијата.
OhridNews