Полицијата во Германија, Велика Британија, Швајцарија и Австрија уапси 17 лица поради сомнение дека учествувале во лажирање на речиси 200 футбалски натпревари во девет европски држави, соопшти полицијата во Бохум.
Меѓу натпреварите за кои се верува дека биле наместени се и три одиграни во Лигата на шампиони, како и 12 во новоформираната Лига на Европа. Со истрагата утврдено е дека натпревари се лажирани во Германија, Белгија, Швајцарија, Хрватска, Словенија, Турција, Унгарија, Босна и Херцеговина и Австрија.
Полицијата во Германија, Велика Британија, Швајцарија и Австрија спроведе рации на вкупно 50 локации. Во Германија уапсени се 15 лица, а во Швајцарија две, додека за време на претресите запленети се повеќе од милион евра во кеш, како и голем број компјутери.
Сите уапсени осомничени се дека подмитувале фудбалери, тренери и судии, а потоа вложувале големи суми во обложувалниците ширум Европа и Азија на резултатите на наместените напревари.
Меѓу уапсените се и Хрватите, браќата Анте и Милан Шапин, кои беа во фокусот на големата афера во германија пред пет години, кога фудбалскиот судија Роберт Хојцер е осуден на затворска казна, откако призна дека добил мито од 70 илјади евра за да намести повеќе натпревари.
Според податоците кои ги соопшти полицијата од Бохум, наместени се три натпревари во Лигата на шампиони, 12 во Лигата на Европа, повеќе натпревари во Квалификациите за првенство на Европа за млади до 21 година, во Германија – четири натпревари во втората лига, три во третата, 18 во регионалните лиги, пет во Оберлигата, два натпревари на репрезентацијата до 19 година. Наместени биле 17 натпревари во втората белгиска лига, 22 во втората швајцарска лига, 14 натпревари во првата хрватска лига, седум натпревари во првата словенечка лига, 29 во турската прва лига, 13 во унгарската прва лига, осум во првата лига во БиХ и три натпревари во Австрија.
Кошаркарите на Охрид утре во рамките на 18-то коло од Втората кошаркарска лига победничка серија ќе бараат на гостински терен во Скопје, против екипата на Работнички 2018 Натпреварот се игра со поч...
Фудбалерите на Охрид во рамки на 21-то коло од Втората македонска фудбалска лига утре ја пречекуваат екипата на Победа Прилеп Натпреварот се игра на стадионот „Билјанини Извори“ со почеток во 14 ча...
Денес се одигра третото коло од Пионерската лига Охрид 2025 во шах, во организација на ШК Ласкер Охрид и Сојуз на училишен спорт Охрид Се постигнаа следните резултати: Моментална табела после трето...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.