Според наводите на романските и турските медиуми, на повидок е нов скандал со местење на натпревари во лигата на шампиони. Истите извори се сомневаат дека натпреварот Клуж-Галатасарј бил наместен, натпреварот заврши со победа на турскиот тим од 1:3.

Први веста, која предизвика вистински шок, ја објавија романските медиуми, од друга страна во турските медиуми веднаш се појави информацијата дека УЕФА покренала истрага. Тие додаваат дека УЕФА ќе го испрати Хрватот Робин Бокшиќ за да го истражи целиот случај.

Бокшиќ е познат како човек кој ги истражувал сомнителните работи кај првиот човек на Динамо Загреб, Зоран Мамиќ. Подоцна, Бокшиќ со својот шеф Петер Лимахер е тргнат од својата позиција бидејќи за местење на натпревар го обвини Баерн Минхен. Според него Баерн за 50 милиони евра во 2008 година на Зенит му го продале полуфиналниот меч во Лига Европа.

“макфакс“
Ohridnews