Вработените во државните служби во индонезискиот главен град Џакарта биле предупредени дека ќе им бидат намалени платите доколку доцната на работа во текот на светското првенство во фудбал. Бидејќи националната телевизија ќе ги пренесува натпреварите во раните утрински часови, од владата предупредиле дека доцнењето нема да се толерира.


Околу 80 илјади функционери биле предупредени дека за секој ден доцнење платата ќе им биде намалувана за 5 проценти. Олеснителна околност за сите е што нивната репрезентација не успеала да се квалификува за завршницата на мундијалот.