По иницијатива на ОВР Струга, вчера во основното училиште „Зини Хани“ во струшкото село Велешта, се одржа работен состанок со советодавната група на граѓани.

На состанокот, покрај началникот и инспектори за превенција во ОВР Струга, присуствуваа командирот на полициското одделение во Велешта, директорката, педагогот и психологот на училиштето, претставници на Центарот за социјални работи Струга, претставници на месната заедница од Велешта и верски претставници.

Притоа, беа договорени сет превентивни мерки за навремено препознавање и пријавување на појавните форми на врсничкото насилство, зголемени превентивни безбедносни мерки од страна на наставниот кадар, нагласена контрола од училишните служби пред се на одморите во училиштата и во училишниот двор, интензивна координација и информирање помеѓу училиштето со полициската станица и другите надлежни служби, засилување на превентивните едукативни предавања од надлежните на тема врсничко и сајбер насилство, информираат од СВР Охрид.

Целта на состанокот, додаваат, е намалување на сите можни манифестации на насилство помеѓу учениците како крајно штетни и опасни појави кај младите и како да се реагира во случаи на агресивно вербално и физичко однесување помеѓу учениците.

OhridNews