Шеќерите се најважниот фактор во развојот на болести на забите и се работи за болест која може да се спречи.
Шеќерот претставува извор на големи проблеми за здравјето, па не не чуди дека Светската Здравствена Организација неодамна предложила намалување на препорачаната количина шеќер внесен преку храна и пијалоци. Новата препорака е шеќерот да биде извор на 5% енергија во однос на досегашните 10%.
Тоа одговара на количина од околу 25 грама шеќер дневно за жени и околу 35 грама за мажи. Според британските научници чие истражување е објавено во списанието British Medical Journal, не треба да биде повеќе од 3%.
Откако ги проучиле здравствените последици и финансиските трошоци за пропаѓањето на забите, научниците од University College London и London School of Hygiene and Tropical Medicine, велат дека е потребно дополнително да се намали вредноста на максимално препорачаната дневна доза шеќер.
Шеќерите се најважниот фактор во развојот на болестите на забите и се работи за болест која може да се спречи, истакнуваат експертите.
Според истражувањата, опасноста од пропаѓањето на забите кај децата се удвојува кога исхраната речиси без шеќер се замени со онаа во која има 5% енергетски внес од шеќерот. Во индустриските земји трошоците за лечење на проблемите со забите чинат 5-10% од вкупните здравствени трошоци.
Некои експерти во Британија се залагаат за отстранување на автоматите за слатки од училиштата и болниците, посебно означување на храната со поголем процент на шеќери и воведување на данок на шеќерот за да се ограничи неговата потрошувачка.
извор:metro-portal.hr