Намалувањето на количината на шеќер во исхраната во тек на само 9 дена значително ја подобрило здравствената состојба на група млади кои учествувале во истражување што го спровел педијатар ендокринолог во детска болница во Сан Франциско.
На група од 43 деца и тинејџери на возраст од 9 до 18 години со зголемена телесна тежина кои во клиниката се лечеле од некоја последица од прекумерна телесна тежина, како на пример висок крвен притисок или зголемен холестерол, во тек на девет дена им ја намалиле количината на шеќер во исхраната и е заменета со намирници богати со скроб. Секојдневно консумирале иста количина калории како и обично, шеќерот во исхраната е намален од 28% на 10%, а фруктозата, која се смета за особено проблематична, намалена е од 12% на 4% од вкупните калории.Било дозволено конзумирање на овошје, а засладената храна е заменета со храна која содржи скроб, пецива, житарки и тесто.
После девет дена лекарите утврдиле дека метаболитичкото здравје на децата се подобрило на сите нивоа – намален бил крвниот притисок, “лошиот“ холестерол и триглицеридите, нивото на инсулин во крвта е намалено за 1/3, а функцијата на црниот дроб се подобрила.
Калориите од шеќерите се најлоши бидејќи во црниот дроб се претвараат во масти, резултирајќи со отпорност на инсулин и доведуваат до опасност од развој на дијабетес, срцеви болести и болести на црниот дроб, вели др. Лустит, објаснувајќи дека голема количина на шеќер не претставува опасност за организмот поради калориите, туку поради напорот кој метаболизмот го внесува за да го преработи.
И покрај резултатите од истражувањето, многу од колегите му замеруваат на докторот кој го спровел истражувањето за премалиот број на примероци на кој тоа е спроведено. Професор по нутриционизам на лондонски колеџ вели дека оваа студија треба да се прифати со одреден сомнеж, бидејќи нема споредбена група на пациенти која би продолжила со консумирање на засладена храна.
Но, истражувачите велат дека студијата ќе биде проширена за да се утврди дали промените на подобро, кои се случуваат поради елиминацијата на големата количина шеќер во исхраната, имаат долгорочно влијание.
извор:metro-portal.hr