Се претпоставува дека Светската здравствена организација ќе бара од производителите на храна да го намалат уделот на шеќер во производите кои ги произведуваат. Светската здравствена организација е загрижена поради претераната консумација на шеќер и препорачува дека секој треба да го намали внесот на шеќери најмалку за половина. Експертите истакнуваат дека дневно не би требало да се консумираат повеќе од пет лажички шеќер, бидејќи тој е намирница која доведува до срцеви болести, дебелеење, проблеми со забите и многу други здравствени потешкотии.
Експертите се многу загрижени, бидејќи никогаш во историјата на човештвото не се консумирало толку шеќер, а во согласност со тоа, се зголемува и бројот на болести. „Денес постојат многу докази дека бројни производи кои содржат шеќер и нивната честа консумација, доведуваат до дебелеење, дијабетес и кардиоваскуларни заболувања“, истакнува харвардскиот професор Шринат Реди.