„Епл“ најверојатно ќе го ограничи производството на Ајфон 13 за 2021 година на 10 милиони телефони. Причина е тоа што и натаму има недостиг од чипови, што влијае на главниот производ на оваа компанија, според извори запознаени со ситуацијата, пренесува Блумберг.
Според плановите, во последните три месеци од 2021 година, требаше да се произведат 90 милиони нови модели на Ајфон. Сепак, оваа компанија неодамна ги извести партнерите производители дека конечниот број ќе биде значително помал бидејќи Broadcom Inc. и Texas Instruments Inc. има потешкотии кога станува збор за испорака на компоненти, јави Блумберг повикувајќи се на извори кои не сакаа да бидат идентификувани поради моменталната ситуација во „Епл“.
Овој технолошки гигант е еден од најголемите купувачи на чипови во светот, а ритамот на синџирите на снабдување кога станува збор за електроника зависи од тоа. Сепак, и покрај силната куповна моќ, Епл се бори со прекини во снабдувањето што имаа катастрофални ефекти врз голем број индустрии ширум светот. Повеќето производители на чипови предупредуваат дека побарувачката ќе продолжи да ги надминува залихите произведени следната година, и потенцијално подолго.
Епл добива дисплеи од Texas Instrument додека Broadcom е нивниот снабдувач за безжични компоненти. Типот на TI чип чие производство опадна е неопходен за функционирање на OLED екранот на најновиот Ајфон, а покрај тоа, Епл има проблеми и со недостиг на компоненти од други добавувачи.
OhridNews