За два сантиметра е намален водостојот на Дојранското Езеро, а за по еден на Преспанското и на Охридското Езеро во споредба со вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Со тоа, нивото на Дојранското Езеро е 66 сантиметри под договорениот минимум, а на Преспанско Езеро е 20 сантиметри под апсолутно појавениот регистриран минимум. Водостојот, пак, на Охридско Езеро е 10 сантиметри над дозволениот минимум, но е за 14 сантиметри понизок од просекот за септември.
Минимално намалување на нивото е регистрирано и кај повеќето реки во земјава иако има и такви каде водостојот е ист или малку зголемен. Најголемо намалување од пет сантиметри има реката Црн Дрим на мерното место кај Ложани, додека најголемо зголемување од два сантиметра има Вардар кај Велес.
OhridNews