„Ова е едно барање коешто произлезе од нашите средби со компаниите. Имавме стотици средби со компаниите во контекст на приватизацијата и најчесто поставувано барање од нивна страна беше да се намали цената на земјиштето“, рече Ставрески.
Тој истакна дека во првите три реони, во којшто се скопските општини и дваесетина други поразвиени општини цената за метар квадратен е намалена од 22-23 евра на пет евра за плаќање во готово и седум евра доколку се плаќа на рати за десет години, или со обврзници.
„Во четвртиот реон, каде што спаѓаат посиромашните општини, цената ќе биде 2,8 евра во денарска противвредност доколку се плати во готово, односно четири евра доколку се плаќа на рати“, изјави Ставрески.
Вицепремиерот Ставрески истакна дека во последниот реон, во кој се сместени рурални општини цената ќе чини едно евро за метар квадратен доколку се плаќа одеднаш, а 1,5 евра на рати на десет години.
извор: Makfaks